Македонија

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки

Национален парк „Маврово“ информира дека завршува сезоната за спортски риболов 2024/2025.

Вкупна забрана за спортски риболов стапува во сила од 1 ноември 2025 година до 31 јануари 2026 година.

„Ве известуваме дека со завршување на тековната сезона за спортски риболов 2024/2025 година, Националниот парк „Маврово“, воведува забрана за спортски риболов во следниот период: Од 01 ноември 2025 година до 31 јануари 2026 година Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони“, велат од таму..

Оваа забрана важи за сите води во паркот, вклучувајќи го Мавровското Езеро и Река Радика со притоките.

Периодот е одреден за заштита и обновување на рибниот фонд и зачувување на природната рамнотежа. Новата сезона за риболов стартува на 1 февруари 2026 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни