Македонија

До крајот на неделава адвокатите на обвинетите за пожарот во Пулс ќе го добијат обвинението и може да поднесат жалби

До крајот на неделава адвокатите на обвинетите за пожарот во Пулс ќе го добијат обвинението и може да поднесат жалби

До крајот на неделава бранителите на обвинетите за пожарот во кочанската дискотека Пулс ќе го добијат обвинението. Ова за Канал 5 го потврдија од Кривичниот суд.

„Списите на предметот се дадени на претседател на совет за оценка и до крајот на работната недела обвинителниот акт ќе биде доставен до обвинетите и нивните бранители. По однос на седницата, јавна седница е задолжителна само доколку некој од обвинетите најави признание на вина. Во спротивно судот сам цени дали има потреба од јавна седница или не“, велат од Основен Кривичен суд Скопје.

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска во објава на социјалните мрежи пак пишува дека – Сите изречени притвори и мерки во овој период ќе бидат основа за утврдување повреда на чл.6 од ЕКЧП. Им должиме на жртвите на смејествата, ако не на обвинетите, правична и законита постапка.

Откако адвокатите ќе го дбијат обвинението ќе почне да тече рокот од 8 дена за поднесување на приговори. Инаку предметот со кој се опфатени 34 обвинети лица и 3 фирми е во надлежност на скопскиот кривичен суд по одлуката на Врховен откако кочанскиот основен суд побара изземање.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни