Попладнево на Клиниката за Онкологија се спроведува полициска акција. Присутни се истражители од Јавното обвинителство, а до овој момент официјално е само дека истрагата е во тек и дека се прибираат докази. Повеќе детали за јавноста се најавуваат дополнително во текот на денот.
Во клиниката и во овој момент има пациенти кои доаѓаат и си заминуваат, но по ходниците има и полициски службеници и истражители како влегуваат од една во друга канцеларија.
Според наши информации до моментов одземена е дел до документацијата која ја поседува клиниката, како и компјутери на кои работеле вработени. Според информации пак објавени низ медиумите, се работи за криминална бизнис мрежа на скопската клиника за скапата биолошка терапија која што наместо да завршува кај пациентите кои боледуваат од овие тешките болести, завршувала на црниот пазар. Наместо да ја добијат целосно терапијата од клиниката, пациентите биле препраќани кај продавачите на црно да ја купуваат терапијата, неколку пати поскапо.
До овој момент нема приведено лица од Клиниката.