Македонија

До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури

До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури.

-Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе
биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре и во среда, со максимални 43 степени и УВ-индекс 10.

Во недела и вторник максималната дневна температура ќе достигне 42, во понеделник 40 и во четврток 39 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни