Под влијание на фронтална долина со поладен воздух над регионот, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата. Метеоролозите предупредува дека деновиве, особено во попладневните и вечерните часови, се очекува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.
Поради загреаната атмосфера, овие процеси ќе бидат интензивни и проследени со услови за појава на крупен град. Особено е ризичен Скопскиот регион, каде од утре, 5 јуни, се очекуваат силни електрични празнења и невреме.
Температурите ќе останат без значајни промени до крајот на неделата.
Попоски апелира граѓаните да бидат внимателни: да не престојуваат на отворен простор или под осамени дрвја за време на електрични празнења, а автомобилите да ги заштитат од силен ветер, избегнувајќи ги местата близу осамени дрвја.