Македонија

Добри вести за македонските возачи: Хрватска усвои закон за долгорочни визи

Добри вести за македонските возачи: Хрватска усвои закон за долгорочни визи

Македонските професионални возачи ќе можат полесно да добиваат долгорочни визи за работа и престој во земјите од Европската Унија, откако во Хрватска беше усвоен закон кој овозможува ваква мерка, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски преку објава на социјалните мрежи.

Според него, станува збор за значаен чекор во решавањето на проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи по воведувањето на ЕЕС системот во Шенген зоната. Николоски истакна дека новото законско решение ќе биде од голема помош за македонските транспортери и возачи кои секојдневно работат на меѓународни линии.

Тој посочи дека ова е реализација на договорот постигнат во јануари годинава со хрватскиот вицепремиер и министер Олег Бутковиќ.

Во објавата, Николоски нагласи дека и Швајцарија веќе издава долгорочни визи за професионални возачи, а очекува и други европски држави да се приклучат кон ваквиот модел.

„Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“, порача министерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни