Македонија

Дочек на Нова година на плоштад „Македонија“ сепак ќе има – еве кој ќе не забавува!

Дочек на Нова година на плоштад „Македонија“ сепак ќе има – еве кој ќе не забавува!

Скопје ќе ја дочека Новата 2025 година со богат музички програм на плоштадот „Македонија“.

Настанот, кој ќе започне во 19:30 часот, ќе ги обедини граѓаните со настапите на „Sarah Mace & The Girlzz“, „Љубојна“, „Ареа“ и „Нокаут“.

Според информациите, „Sarah Mace & The Girlzz“ започнуваат од 19:30 часот, потоа од 20:30 следува „Љубојна“, па од 22 часот „Ареа“ и за крај од 23:30 часот настап ќе имаат и „Нокаут“.

Се повикува на масовно присуство, најавувајќи празнична атмосфера, музика и забава за сите генерации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни