Вкупно 49 милиони денари се распределени на денешната свеченост за доделување на договори на 12 невладини организации и асоцијации, за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот. Овие средства се доделени преку Проектот за локална и регионална конкурентност кој се спроведува преку заедничка соработка на Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светска банка, соопштија денеска од Владата на Македонија.
Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, кој ја отвори свеченоста, истакна дека вкупната вредност на Проектот изнесува 18 милини евра, средства кои во најголема мера се обезбедени од ИПА фондовите, како и од буџетот на Република Македонија и од Светска Банка, а на денешната свеченост се доделуваат договори за еден од трите сегменти, наменети за невладини организациии и асоцијации кои работат во туристичкиот сектор. Другите два сегменти кои се опфатени со Проектот за локална и регинална конкурентност се грантови за микро и мали претријатија, а најголемиот дел од средствата се наменети за реализација инфраструктурни проекти за поттикнување на туризмот во определени општини.
„Набрзо се очекува потпишување на договори и за двете други компоненти. Јавните повици се завршени, поднесени се апликации, завршена е евалуацијата, очекуваме за скоро време да се комплетираат сите потребни административно технички работи и да се пристапи и кон потпишување на договори и за останатите средства. Преку грантовите кои се доделуваат на асоцијациите и невладините организации, очекуваме да се подобри туристичкиот пристап и понуда. Станува збор за интересни и диверзифицирани проекти, како што се рекреативното падобранство, летање со балони, скијање, јавање на коњи, со кои се покажува инвентивноста и креативноста на асоцијациите. Туризмот има голем потенцијален на раст, во последните години се бележи континуиран пораст на туристи, а со овие проекти на креативен начин се обидуваме дополнително да ја стимулираме локалната и регионалната конкурентност на туризмот“, потенцира Анѓушев.