Македонија

„Дојде време да викаме медицински сестри од пензија да работат во здравството“

„Дојде време да викаме медицински сестри од пензија да работат во здравството“

Претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, Гордана Бешлиовска денеска на брифинг истакна дека има голем недостаток на здравствени работници.

Како што вели, дошло време да се викаат за вработување медициските сестри кои веќе се во пензија.

„Медицинските сестри се понижени во Македонија. Тие немаат лиценци за работа, што значи нема автономоност, ниту начин за одговорност. На сите конкурси се бараат медицински сестри со средна стручна спрема. А каде се сестрите со висока стручна спрема, или со специјализации? Сестрите мора да бидат дел од Управните одбори, од комисиите за вработувања, на местата каде се носат одлуки. Не може да се вработи, на пример, на интензивна нега сестра која до вчера била на шалтер во некое мало место, а се вработува оти директорот ѝ е сограѓанин“, рече Бешлиовска, која има работно искуство од 35 години.

Таа ја спореди и Словенија која има исто 2 милиони жители, но со 17 илјади медицински сестри, додека пак Македонија брои само 9.200.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни