Без причина не викаат дека животот е комбинација од магија и тестенини. Речиси и нема човек кој не би уживал во ова јадење, особено ако е кремасто, сочно и вкусно, според рецептот на најдобрите готвачи како Гордон Ремзи.
Имено, тој го откри својот совршен рецепт за кремаста карбонара паста која е готова за само 10 минути. Во продолжение погледнете како можете брзо и лесно да го подготвите овој познат специјалитет дома и да уживате во овој вкусен оброк!
Состојки:
- фино парче месна чадена сланина
- половина пакување шпагети
- 2 жолчки
- 2 поголеми шампињони
- 2 чешниња лук
- 1 лута пиперка
- малку замрзнат грашок
- 180 гр кисела павлака
- пармезан
- сол
- бибер
- маслиново масло
- магдонос
Подготовка:
- Шпагетите се ставаат во зовриена вода.
- Во тава загрејте малку маслиново масло и додадете ја сланината исечкана на коцки.
- Лукот ситно се сечка, па се додава сланината, сечканите шампињони, ситно сечканата лута пиперка и малку грашок.
- Додадете рендан пармезан и павлака во садот во кој сте ги одвоиле жолчките.
- Сè убаво соединете и додадете малку вода, па повторно промешајте.
- Земете околу 10 лажици од водата во која се варат шпагетите и ставете ја во тавчето со сланина и другите состојки.
- Кога ќе се сварат шпагетите, процедете ги и додајте ги во тавата.
- Сè убаво измешајте, додадете ја смесата со жолчки, па повторно промешајте.
- Се посипува со сечкан магдонос, се меша убаво, па се сервира во чинија и одозгора се ренда многу пармезан.
Погледнете ја подготовката:
