Централниот отпор на Демократската обнова на Македонија, денеска одлучи дека партијата нема да оди со свој кандидат на престојните претседателски избори, но дека кога партиите ќе ги извадат кандидатите, тогаш ќе одлучи кој ќе го поддржи.
„На денешната седница, Централниот одбор донесе заклучок дека ДОМ нема да предложи свој кандидат за Претседател на Република Македонија. Имајќи предвид дека во тек е процесот на номинација на кандидати, ЦО на ДОМ дополнително ќе одлучува за поддршка на претседателски кандидат. За ДОМ клучни се личниот профил на кандидатот, посветеноста на евроатлантската интеграција на Македонија и развој на прогресивно и просперитетно општество, како и поддршката во заштитата на животната средина и борбата против климатските промени“, велат од ДОМ.