Македонија

ДОМ ја поддржува новата реконструкција на Владата

ДОМ ја поддржува новата реконструкција на Владата

На денешната седница на Централниот одбор зелената партија ДОМ донесе одлука ДОМ да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.

„Услов за подршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да обезбедат спроведување на следните програмски приоритети на ДОМ:

1. Да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекниот имот заради ефикасна борба против корупцијата;

2. Да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на листите и

3. Да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност“, стои во соопштението на ДОМ испратено до медиумите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни