Свет

Доналд Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Доналд Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

„Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски.

Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, пренесе Франс прес.

Трамп рече дека сака да го запре „трансродовиот делириум“ во САД на првиот ден од неговата инаугурација – 20 јануари.

„Ќе ставам крај на сексуалното осакатување на децата и ќе ги исклучам трансродовите луѓе од војската и од училиштата“, побара новоизбраниот претседател.

Медицинските процедури за малолетниците да преназначуваат секс, како и пристапот на трансродовите жени до женскиот спорт, се жешка тема во САД. Општеството е поделено по овие прашања.

Републиканците се противат на правата на ЛГБТ заедницата во државите што ги контролираат, а десничарските избрани функционери во Конгресот сакаа во ноември да го блокираат пристапот до женските тоалети за првата трансродова жена избрана во Претставничкиот дом, Сара Мекбрајд.

Трамп, исто така, вети на својата публика во Феникс дека ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти. Тој ветува дека ќе ја спроведе најголемата операција за протерување илегални имигранти во историјата на САД.

„20 јануари навистина ќе биде денот на ослободувањето на Америка“, смета Доналд Трамп.

Тој повторно вети дека ќе стави крај на војната во Украина и ќе ги запре конфликтите на Блискиот Исток, но досега не навлезе во детали за тоа како ќе ги реализира тие планови.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни