Македонија

ДОСТА БЕШЕ: Закажан протест против загадениот воздух во Скопје

ДОСТА БЕШЕ: Закажан протест против загадениот воздух во Скопје

„Зелен хуман град“ организира протест против загадувањето на воздухот во Скопје, кој ќе се одржи на 10 декември во 16:00 часот. Протестниот марш ќе започне пред Министерството за животна средина и ќе помине пред Собрание и Влада.

Барањата вклучуваат:

Воведување план за сообраќајни мерки кои ќе се активираат при надминување на граничните вредности на загадувачки материи.
Усвојување на Правилник за велосипедска инфраструктура.
Поставување на локална мрежа на мерни станици, со приоритет на индустриски области.
Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти и субвенции за индивидуални домаќинства.
Екоактивистите се залагаат за субвенции за енергетски ефикасни фасади и системи за самоизнајмување велосипеди. Дополнително, се предлага подобрување на јавниот превоз со издвојување од останатиот сообраќај.

„Доаѓајте и покажете поддршка за чист воздух! Скопје мора да дише! Македонија мора да дише!“ повикуваат организаторите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни