Македонија

Доставени доказите за „Тарифа“, наскоро завршни зборови

Случајот на СЈО „Тарифа“ во кој се обвинети Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓоровски, продолжи со доставување на доказите од страна на ЕЛЕМ, на англиски и чешки јазик, кои ги побараа обвинетите. Нивниот адвокат по доставувањето на доказите, побара време истите да се преведат и да се разгледаат. Затоа, следното рочиште е закажано за 7 февруари. По презентирањето на доказите од страна на одбраната следуваат завршните зборови, со што ќе се донесе и пресуда.
Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената должност во текмот на купувањето на софтверот „ЕРТ СИСТЕМ“,тие му овозможиле на конзорциумот, кој подоцна го добил тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немал доставено комплетна документација.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни