Македонија

Доцнат летови од скопскиот аеродром поради густа магла

Доцнат летови од скопскиот аеродром поради густа магла

Густата магла утрово откажа неколку летови кои требало да полетаат од скопскиот аеродром, реагираат патници до редакцијата на 4NEWS.mk

Утрово откажан е летот Истанбул-Скопје кој требаше во 07:45 да пристигне во Скопје. Откажан е и летот Скопје-Истанбул бидејќи станува збор за истото летало.

Доцнење од три часа има кај летовите кои требаше да пристигнат во Скопје од Цирих. Еден час доцни и летот од Истанбул на авиокомпанијата Пегасус.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни