Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник и вторник ќе дува засилен до силен ветер кој наместа во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h.
