Сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот наместа ќе има преодно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=15°C. P=976hPa. U=30%. V=3m/s.
Утре и во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.
