Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар на единствен број за итни повици Е-112 добиени се пријави за поплавена улица Бањешница, општина Гостивар од канал за наводнување, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Во с.Беловиште, општина Гостивар, поплавени неколку куќи и патот во селото.
Во нас.Циглана, општина Гостивар, водата оди од планината и постои опасност од поплавување на куќи.
На ул.Беличица, општина Гостивар, поплавена е куќа со помошнји објекти
На ул.Трајко Јовановски бр.18 , општина Гостивар поплавени се подрумски простории од куќа.