Македонија

Дождот предизвика зголемување на водостоите на реките низ земјава

Дождот предизвика зголемување на водостоите на реките низ земјава

Од Управа за хидрометеоролошки работи велат дека врнежите што паднаа изминатите 48 часа предизвикале извесно зголемување на водостоите на реките низ земјава, посебно на тие во западните делови каде што врнежите беа најобилни.

„Заради претходниот сушен период и досегашните ниски водостои, не постоеше опасност од излевање на водотеците и овие врнежи дожд беа добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава. Според прогнозите, врнежливото време се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден, повторно без опасност од појава на високи водостои и без можност за поплави“, велат од УХМР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни