ДПД Кочани спаси повреден царски орел, бил заглавен на кров на викендица!

Вчера Доброволното противпожарно друштво од Кочани имаше нова необична интервенција.

По добиена пријава од граѓани за повредена и дезиорентирана птица на кров од викендица на Пониква, како резултат на пожарите на Осоговските планини во близина на Пониква.

„На лице место веднаш се упатија 4 доброволци со едно возило и за брзо и безбедно птицата бешe транспортирана во ветеринарна амбуланта каде беше установено дека станува збор за Источноевропски царски орел кој се наоѓа на листата на загрозени птици во цела Европа.

ДПД Кочани упатува апел да не се пали оган на отворено бидејќи покрај штетата која се нанесува на шумите,се уништува целиот биодеверзитет на природата“, велат од таму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното