Два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 на руските воздушни сили (ВКС) извршија петчасовен лет над Балтичкото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– Два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 на руските воздушни сили го извршија планираниот лет во воздушниот простор над неутралните води на Балтичкото Море, се наведува во соопштението.
Забележано е дека придружбата на ловците за време на летот што траеше повеќе од пет часа била обезбедена од екипажот на авионите Су-30СМ и Су-27 на Воздухопловните сили.
Во одредени фази од рутата, бомбардерите со долг дострел биле придружувани од ловци од странски земји, нагласуваат од Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението за печатот се истакнува дека авионските екипи со долг дострел редовно летаат над неутралните води на Арктикот, Северниот Атлантик, Тихиот Океан, Црното и Балтичкото Море.
– Сите летови се изведуваат строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор, наведува Министерството за одбрана.