Свет

ДРАМА НА НЕБОТО: Гром погоди авион, итно мораше да слета!

ДРАМА НА НЕБОТО: Гром погоди авион, итно мораше да слета!

Авион на „Ер Њу Зеланд“ на летот за Тахити морал да се врати во Окленд, Нов Зеланд, откако го удрил гром.

Сè се случи само 20 минути по полетувањето.

Имено, летот NZ902 полетал од Окленд, но набрзо бил погоден од гром при турбуленции, па морал веднаш да се врати назад, пишува New York Post.

Директорот на авиокомпанијата Алекс Марен рече дека авионот се вратил во Окленд за техничарите да извршат проверка и да дозволат авионот да се врати во служба.

„За авион да биде погоден од гром не е невообичаено, нашите пилоти се обучени за такви ситуации. Сите патници беа префрлени на следниот лет“, рече тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни