Македонија

Драма во Батинци: Се пријавиле меѓусебно за напад и закани!

Драма во Батинци: Се пријавиле меѓусебно за напад и закани!

На 14.03.2024 во 17.33 часот во Полициската станица Драчево, Џ.Р.(23) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во с.Батинци бил физички нападнат од Ш.А., С.А. и А.А., при што С.А. имал и пиштол.

Во 17.37 часот, А.А. пријавил дека во с.Батинци, Ш.Н. и А.Б., за кои подоцна е утврдено дека биле со Џ.Р., со нож му упатиле закани.

По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица Драчево ги пронашле сите инволвирани лица и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни