Македонија

Драма во Дојранско езеро, се трага по давеник!

Драма во Дојранско езеро, се трага по давеник!

Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.

Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива.

За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото.

На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни