Македонија

Драма во основно училиште во Скопје! Наставник поттикнувал малолетник физичко да нападне соученик!

Драма во основно училиште во Скопје! Наставник поттикнувал малолетник физичко да нападне соученик!

Денеска (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното,  малолетникот на 19.05.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што  настанот е пријавен кај училишниот психолог.

Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни