Неколку лица се повредени во тепачка што се случила денес во трговски центар во Ерфурт, Германија, кога маж по расправија извадил нож и расекол маж.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и го евакуирала трговскиот центар, а според полицијата дошло до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу група лица, кои не се по потекло од Германија.
Се се случило околу 15 часот и 30 минути, а еден од учесниците во тепачката извадил нож. Како што објави Билд, мажот (27) поради тешки повреди на раката бил пренесен во болница, но неговиот живот не е во животна опасност.
Во трговскиот центар бил употребен и солзавец, па лекарска помош побарале и посетителите на центарот. Тие се жалеле на печење на очите и проблеми со дишењето.
Полицијата соопшти дека е приведен маж (26), кој е осомничен дека извадил нож и ранил најмалку едно лице.
„Ве уверуваме дека не се работи за напад, немало опасност за граѓаните“, соопштија од полицијата.
Засега не е познато зошто дошло до тепачката, ниту точно колку лица се повредени во инцидентот.