Македонија

Државната лотарија ќе ги покрие трошоците за дочекот на Новата година на Плоштадот Македонија – Каролина Гочева и Елена Ристеска се едни од изведувачите

Државната лотарија ќе ги покрие трошоците за дочекот на Новата година на Плоштадот Македонија – Каролина Гочева и Елена Ристеска се едни од изведувачите

И годинава ќе има организиран дочек на Нова година на Плоштад Македонија во Скопје, но без финансиски трошок за буџетот на Градот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје соопшти дека целокупната организација и настапите ќе бидат покриени од Државната лотарија.

„Побарав новогодишната програма да биде составена исклучиво од македонски изведувачи. Потврдено е учеството на Каролина Гочева и Тамара Тодевска, како и неколку уметници од областа на македонската народна музика. Во план се и настани за најмладите, кои ќе траат три до четири дена“, изјави Ѓорѓиевски.

Во меѓувреме, новогодишното украсување на градот сè уште не е започнато. Денеска на плоштадот беа поставувани само куќарките наменети за продажба на новогодишни украси, храна и пијалоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни