По втор пат за неполн месец, Јавното претпријатие за државни патишта ќе организира саем за вработување за да најде работници за изградба на четирите автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка’.По првиот ваков настан во Гостивар, овој пат, ааемите се одржуваат во Битола, Тетово и во Прилеп, ќе започнат денеска и ќе траат до 18 септември.
„Во периодот од 16.30 до 20.00 часот секој ден, сите заинтересирани за работа во „Бехтел и Енка’ ќе можат да се запознаат со широките можности за вработување коишто ги нуди конзорциумот за време на изградбата на коридорските автопатски делници во нашата земја во следните речиси пет години. Саемот ќе се одржува на плоштадите и секој оној кој сака да биде дел од оваа приказна може да види дали има работа согласно со неговите професионални вештини., велат од Државни патишта.
Во согласност со специјалниот Закон кој го потпиша ЈПДП во име на Владата,, обврска на конзорциумот е 51% од работната сила да бидат домашни работници.
