Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов денеска на прес конференција истакна дека партијата одличила да не ја поддржи реконструкцијата на Владата.
Тој вели и дека нема да бидат дел од парламентарното мнозинство.
„Демократскиот сојуз и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата.
Инаку, Демократскиот сојуз е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ“, вели Трајанов.