Македонија

Дудуш рече дека не е негов ајфонот од 1600 евра и објави слика од сопственикот

Дудуш рече дека не е негов ајфонот од 1600 евра и објави слика од сопственикот

По големиот интерес во јавноста околу фотографијата со новиот iPhone 17 Pro Max, кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска се огласи на социјалните мрежи со демант дека телефонот всушност не е негов.

Поврзана објаваФОТО Дудуш ја почна кампањата и се пофали дека го има новиот Ајфон од над 1600 евра

„Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на изборите со нашата партија Унија на Ромите. Тоа беше порака, а не промоција на телефон“, напиша Дудуш.

Screenshot

Тој додаде дека објавата била „намерна јадица“ за медиумите, за да се сврти вниманието кон бројот со кој неговата партија ќе учествува на изборите.

„Како што очекувавме, медиумите веднаш ‘загризаа’. Целта е постигната – добивме бесплатна реклама за нашиот изборен број. Благодарност до сите што придонесоа тоа да се прошири“, порача Дудуш.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни