Македонија

ДУИ: 380.000 евра за браварско-заварувачки услуги од нелегитимната Влада во ЕСМ

ДУИ: 380.000 евра за браварско-заварувачки услуги од нелегитимната Влада во ЕСМ

После скандалот со набавките на цвеќиња за 9000 денари за едно парче од страна на Бурим Латифи- прв братучед на Изет Меџити и Директор на Мепсо, денеска објавуваме нов скандал на корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди, велат од ДУИ.

„И тоа, за Фатмир Лимани- Браварот кој преку Претседателот на огранокот и воедно управител на РЕК- Осломеј реализирал тендер за браварско-заварувачки услуги иако РЕК- Осломеј има над 1000 вработени.

За скандалот да биде уште поголем, вредноста на трите тендери со две фирми опфаќа вредност од над 23 500 000 денари или над 380 000 Евра.

Тоа значи дека скоро 30 Евра за еден час работа за браварски услуги или поинаку кажано за да се смени брава. Имено, ЕСМ со овој скандалозен договор ќе треба да плати 1780 денари за час работа за горенаведените услуги.

Овој договор, освен корумпиран не може да биде поинаков, затоа ги повикуваме надлежните органи да постапуваат за вакви криминални договори кои се реализираат од страна на неспособните управители“, велат од ДУИ на денешната прес-конференција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни