ДУИ ги повлекува градоначалниците од ЗЕЛС? Арифи: Има иницијатива од некои градоначалници, ќе се дебатира

ДУИ ја разгледува опцијата за повлекување на градоначалниците од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), телото кое ги координира активностите за работата на општините. Како што дознава ТВ21 од свои извори, ваквиот чекор на Интегративците може да дојде откако градоначалниците кои доаѓаат од редовите на оваа партија, се заобиколени во координациите што ги прави ЗЕЛС и дека оваа институција е злоупотребена од политички причини од актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан за ова, градоначалникот на Липково од ДУИ, Екран Арифи, кој е и член на управниот совет на ЗЕЛС, не даде многу детали, но потврди дека некои градоначалници на ДУИ презеле иницијативи за овие прашања да се разговара во партијата и евентуално доколку се утврди таква ситуација треба да се донесе одлука за дистанцирање од ЗЕЛС.

„Ние како градоначалници на општини кои учествуваме во ЗЕЛС имаме градоначалници кои исто така доаѓаат од ДУИ. Некои градоначалници ја гледаат ситуацијата, состојбата, различните околности и ја анализираат секоја можност и акција што треба да ја преземат понатаму. Таа анализа треба да се прави во наредните денови и во специјалните комисии на ДУИ, но во исто време оваа анализа и обид треба да биде секојдневна кај првите луѓе на ЗЕЛС, кај Владата на РСМ, со единствена цел да се менаџира на најдобар можен начин во околностите во кои се наоѓаме“, рече Еркан Арифи.

Арифи смета дека ЗЕЛС како институција треба да се држи настрана од дневната политика и да го гледа интересот на општините и подобрување на животот на граѓаните кои живеат во нив. Секое еднострано дејствување ќе предизвика општ хаос во државата, заклучува Арифи.

„Верувам дека ЗЕЛС ќе најде најдобар можен начин, бидејќи ние сме таму да им служиме на граѓаните независно од дневно-политичките пресметки, мора да анализираме на најдобар можен начин и да постапиме како што треба“, вели Арифи.

ЗЕЛС ги координира активностите за работата на општините, со цел, како што е наведено на официјалната веб-страница, што е од огромно значење, е најсуштинското остварување на аспирациите и напорите за подигнување на квалитетот на демократското реализирање на процесите од локален карактер. Во моментов, претседател на ЗЕЛС е Орце Ѓеорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседател е Висар Ганиу, од општина Чаир, која е дел од коалицијата ВРЕДИ. ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во моментов се коалициски партнери во централната власт.