Македонија

ДУИ го осуди поднесувањето кривична пријава против Крешник Бектеши

ДУИ го осуди поднесувањето кривична пријава против Крешник Бектеши

Откако се појавија информации дека поранешниот министер од ДУИ, Крешник Бектеши, добил кривична пријава, од ДУИ остро реагираа, нарекувајќи ја акцијата на полицијата „политички прогон“.

Артан Груби и Арбер Адеми изјавија дека ова е продолжение на напорите на владините партии и државните институции да ја ослабнат албанската политичка репрезентација.

„Заканите и политичкиот прогон од страна на владините партии и државните моноетнички институции се продолжение на стратегијата и напорите да се уништи моќната и легитимна албанска политичка репрезентација и да се замени со сервилни марионети. Истовремено, ова служи за покривање на многубројните скандали и неспособности на власта“, изјави Груби.

Адеми, пак, истакна дека ваквите постапки нема да ги скријат неуспесите на владата. „Срамот и скандалите не можете да ги покриете со политички прогон за наводно прекршување на Изборниот законик. Знајте дека ќе не имате пред себе, со храброст и истрајност во нашата мисија да го заштитиме достоинството на албанскиот гласач“, порача Адеми на социјалните мрежи.

ДУИ тврди дека постапките против Бектеши се политички мотивирани и имаат за цел да го поткопаат легитимитетот на албанската политичка репрезентација во Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни