Бујар Османи на денешната прес конференција во Владата изјави дека поради нанесената штета кон ДУИ, а во врска со скандалот со ПИОМ, доколку во следните 24 часа не се извинат медиумите и политичарите јавно, ќе мора да покренат тужба против нив за како што рече нанесената штета кон партијата, пренесува ТВ21.
„Поради штетата што е направена, во име на ДУИ најавувам дека за сите политичари и медиуми кои го инволвираа вчера ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка со цел докажување на вистината“, изјави Бујар Османи на денешната прес конференција во Владата.