ДУИ предупредува на можни тензии по укинувањето на балансерот за етнички вработувања

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат балансерот за етнички вработувања. Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека разговорите за датумот на најавените протести сè уште се во тек.

Тој нагласи дека законот за правична застапеност ќе добие поддршка само доколку ги гарантира правата на сите заедници.

„Не сакам да го коментирам овој закон, бидејќи негативно влијае на меѓуетничките односи во државата. Треба да се внимава при носењето на вакви сензитивни одлуки кои не ја водат државата напред, туку ја враќаат назад, пред Охридскиот рамковен договор, кога можеа да растат тензиите. За жал, ДУИ интензивно работи за тоа да не се случи, бидејќи наш приоритет е интеграцијата на државата во Европската Унија,“ изјави Бектеши.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното