Македонија

ДУИ против укинувањето на балансерот, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува за дестабилизација

ДУИ против укинувањето на балансерот, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува за дестабилизација

ДУИ одржа прес конференција на која истакнаа дека не се согласуваат со укнивањето на балансерот и одлуката на Уставниот суд и велат дека Законот за правична застапеност за кој е најавено дека е можно да се најде на јавна дебата следната недела, велат дека може да се прифати само ако обезбеди клучен механизам за заштита на правата на сите етнички заедници.

Очекуваат дека може да растат тензиите бидејќи, како што велат моноетничката власт на ВМРО-ДПМЕ и коалицијата Вреди, има политики кои се штетни за Албанците.

„Но, ние треба да имаме драфт на тоа законско решение иако и тој закон треба да има некој механизам кој ќе биде рамноправен за сите етнички заедници да можат да бидат претставувани. Балансерот како механизам работи со процент се со цел да се стигнат одредени рокови за тоа да не биде тоа за 20 или 30 години да биде претставувана соодветно во државата. Ако новиот предлог е добар за сите етнички заедници вклучително и за македонската секако дека како ДУИ ќе го поддржиме“, рече Крешник Бектеши во интерву за Радио Слободна Европа.

Од власта пак тврдат дека ДУИ додека била на власт се согласила за укинување на Балансерот. На денешната прес конференција во ВМРО-ДПМНЕ беше речено дека ДУИ и СДСМ ја прифатиле стратегијата за реформи во јавната администрација од 2023 до 2030 година со која се предвидува укинвање на балансерот бидејќи истиот не дал ефекти и бил злоупотребуван. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека сега кога ДУИ е во опозиција ги злоупотребува етничките прашата за да најде причини за дестабилизација.

„Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација. ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност. И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики. ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува. И Европската Комисија нотираше дека балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде. Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина“, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Темата за балансерот и законот за правична застапеност се очекува да биде топ тема и во наредната недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни