Македонија

ДУИ: Скандалозно, Села и Алијансата вршат јавен притисок врз судството

Демократската Унија за Интеграција оценува дека денешната прес-конференција на претседателот на АА, Зијадин Села е јавен притисок врз целиот правосуден систем и вработените во овој сектор. „Денешното појавување пред медиумите е скандалозно, неприфатливо, досега невидено и претставува грубо и директно мешање во правосудниот систем и независноста на судството. Суровото мешање во судовите и обвинителството зборува за менталитетот на сојузникот на Левица и Апасиев и го открива вистинското лице на една нереформирана структура. Поделбата на власта во државата функционира како уставно начело и исто продолжува да функционира професионално, сите кои го прекршуваат законот одговараат пред правосудниот систем и сите последни и отворени предмети јасно покажуваат дека во земјата функционира законот кој е еднаков за сите и никој не е недопирлив пред него“, велат од ДУИ. Тие додаваат дека Демократската Унија за Интеграција е единствената партија која го иницирала ветингот во сите нивоа на власт, вклучително и во правосудниот систем, за да има чисти и достоинствени личности кои ќе си ја вршат работата на најдобар можен начин.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни