Македонија

Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија

Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и
министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд.

„Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив. Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството.

„Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување Sektori i Koordinimit të aktiviteteve të ministrit Сектор за координација на активностите на министерот на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на
Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши.

Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на
занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година.

„Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Северна Македонија“, им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни