Македонија

Дурмиши: Не се планира укинување на „недела неработен ден“

Дурмиши: Не се планира укинување на „недела неработен ден“

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека не се планира укинување на „недела неработен ден“, но дека ќе се разгледаат исклучоци за одредени дејности. Тој во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека синдикатите и работодавачите имаат различни ставови во врска со ова прашање, а во рамките на Економско-социјалниот совет ќе се разговара за ослободување на некои дејности.

Дурмиши, исто така, посочи дека не се предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање, иако се прават анализи за реформа на пензискиот систем. Во однос на зголемување на минималната плата, тој нагласи дека ова прашање е во процес на разгледување, со средства предвидени во буџетот за 2025 година.

Говорејќи за новогодишната кошничка, Дурмиши посочи дека мерката е успешна и дека ќе продолжи со слични акции за празниците, како Рамазан и Велигден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни