Македонија

Двајца малолетници од Гостивар завршија во болница по консумација на алкохол во дискотека

Двајца малолетници од Гостивар завршија во болница по консумација на алкохол во дискотека

Ноќеска, околу 55 минути по полноќ, во Ургентниот центар во Гостивар била донесена во бессознание малолетничка од Гостивар, информираа од Одделот за внатрешни работи Гостивар. Според првичните информации, настанот се случил откако девојчето претходно консумирало алкохол во една од локалните дискотеки.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни