Македонија

Двајца мажи од Битола и Велика Британија загинаа во страшната несреќа на патот Битола-Прилеп!

Двајца мажи од Битола и Велика Британија загинаа во страшната несреќа на патот Битола-Прилеп!

Околу 12 часот се случила страшна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола – Прилеп меѓу патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.

Во несреќата загинале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С. (42) од Велика Британија, додека пак другиот сопатник М.К.Д.Ј. од Индија е повреден и пренесен во битолската болница.

Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а увид во присуство на јавен обвинител извршила увидната екипа на СВР Битола. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни