Двајца војници од мировните сили на ОН во Мали загинаа во бомбашки напад – шести инцидент со војниците од мисијата за помалку од две недели, објави Асошиејтед прес.
Двајца египетски војници загинаа, а еден е ранет кога нивниот оклопен транспортер наишол на импровизирана експлозивна направа поставена во централниот дел на западноафриканската земја вчера, изјави портпаролот на светската организација Стефан Дујарик. Тој појасни дека „сините шлемови“ на ОН придружувале цивилен конвој кој патувал од Дуенца до Тимбукту.
Ова е шести инцидент со мировната операција на ОН во Мали на 22 мај и втор смртоносен напад оваа недела, рече Дужарик.
Еден јордански војник загина, а тројца беа повредени во терористички напад врз нивниот конвој во средата.
Мали има проблеми со исламистичките бунтовници од 2012 година. Главната задача на мировната операција на ОН во земјата од 18.000 војници е да го заштити цивилното население, забележува АП.
Најмалку 255 „сини шлемови“ и други вработени загинале во Мали од 2013 година, според организацијата. Тоа е најсмртоносната од десетината мировни операции на ОН во светот.
