Свет

Двајца пилоти загинаа во тешка несреќа на аеродромот во Њујорк

Двајца пилоти загинаа во тешка несреќа на аеродромот во Њујорк

Две лица загинаа во несреќа на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк, јавува Би-Би-Си. Во несреќата се повредени повеќе лица, меѓу кои има и двајца пожарникари.

Авионот на пистата, по слетувањето, удрил во противпожарно возило кое било таму поради друг инцидент. Станува збор за авион на „Ер Канада Експрес“ кој пристигнал од Монтреал.

– Итните протоколи за реагирање веднаш беа активирани – соопштија од аеродромот.

На местото веднаш излегле сите итни служби. Во авионот имало околу 70 лица, а по несреќата аеродромот бил затворен.

Повеќе од 40 лица завршиле во болница, а неколку од нив имаат тешки повреди.

Би-Би-Си пишува дека загинале двајца пилоти од авионот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни