Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани се екстубирани во Софија, шестмина сè уште на механичка вентилација

Двајца повредени од пожарот во Кочани се екстубирани во Софија, шестмина сè уште на механичка вентилација

Попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство соопшти дека двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба.

Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И.Пирогов во Софија. Останатите шест пациенти во таа болница се уште се на механичка вентилација.

Тешка, но стабилна, е состојбата на тројца повредени кои се хоспитализирани во болницата во Варна и на тројцата во Универзитетската болница Свети Ѓорѓи во Пловдив.

Пациентите пред неколку дена беа пренесени во Бугарија со воен транспортен авион „Спартан“ и со амбулантни возила на софиската Итна медицинска помош.

Поврдените кои се лекуваат во Бугарија вчера ги посетија шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни