Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани завршија со лекување во Белгија и се враќаат дома!

Двајца повредени од пожарот во Кочани завршија со лекување во Белгија и се враќаат дома!

Две лица кои беа повредени во пожарот во Кочани завршија со лекување во Белгија и попладнево се враќаат дома.

Според информациите, тие ќе останат една вечер на скопските клиники по што доколку состојбата дозволува, истите ќе бидат пуштени на домашно лекување.

„Благодарност до сите наши сограѓани во Белгија кои покажаа силна солидарност и интерес за помош“, порача македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски.

На лекување во Белгија остануваат уште две лица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни