Македонија

Двајца приведени во Скопје по грабеж на 63-годишна жена, меѓу нив и малолетник

Двајца приведени во Скопје по грабеж на 63-годишна жена, меѓу нив и малолетник
Фото: 4news.mk

Двајца млади скопјани се лишени од слобода откако, според пријавата, физички нападнале 63-годишна жена и ѝ ја одзеле ташната со пари, документи и мобилен телефон. Полицијата реагирала веднаш по пријавениот инцидент и ги пронашла осомничените.

Случајот бил пријавен денеска (28 октомври) во 15:35 часот во СВР Скопје. Жената со иницијали С.В. од Скопје пријавила дека била нападната од две лица, кои потоа ѝ ја одзеле ташната во која имала пари, лични документи, мобилен телефон и други лични предмети, по што побегнале.

По пријавата, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров презеле мерки за пронаоѓање на сторителите. Набргу биле пронајдени и лишени од слобода две лица.

Од МВР информираат дека станува збор за А.Х. (19) и 15-годишен малолетник, двајцата од Скопје. Тие се предадени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни