Двајца царински службеници суспендирани – еден санкциониран за автобусот на „Беса Транс“

Царинската управа вечерва информира дека двајца царински службеници се суспендирани, додека пак еден е санкциониран поради автобусот на „Беса Транс“.

„Во врска со информациите изнесени во јавноста во однос на надлежностите на Царинската управа на Република Северна Македонија при контрола на влез и излез на возила и превозници кои вршат меѓународен слободен превоз на патници, како и за постапувањето по конкретниот случај, ве информираме за следното:

Согласно член 49 од Законот за превоз во патниот сообраќај, при вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај,  во зависност од видот на превозот, превозникот мора да има: извод од лиценца, патен налог во оригинал, евидентен лист за превоз на патници, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните царински служби.

Врз основа на овие приложени документи, Царинската управа електронски го евидентира превозот и тоа на влез или излез при првото и при второто преминување на возилото преку граничниот премин на Република Северна Македонија, во зависност од релацијата на превозот.

За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе  преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува.

Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници.

За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, пишуваат од Царинската управа.

Поврзани вести

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...