Две лица се приведени и се сомничат за помагање во обидот за вчерашниот атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кадар на ДУИ, неофицијално објавија повеќе медиуми.
Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот.
Градоначалникот не бил погоден во пукањето, но ранети беа две лица, возачот на Ибраими кој е и член на обезбедувањето и еден општински административец.