Македонија

Две лица со Мерцедес се заглавиле во снег кај Галичица

Две лица со Мерцедес се заглавиле во снег кај Галичица

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид известува дека во 12:56 часот, од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е забранет за сообраќај.

Од ЦУК, веднаш беше информирана Единицата за спасување на планина од Охрид. Во оптимално брзо време беа лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, вклучувајќи го и возилото марка „мерцедес“ .

ЦУК го пренесува кусиот рапорт, од спасителите од Охрид, дека акција е завршена на 14:15 часот, комплетно и успешно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни